Руската Пацифичка флота одржува големи маневри во Јапонското и Охотското Море

Сподели со своите пријатели

Силите на руската Пацифичка флота започнаа оперативни вежби и маневри во Јапонското и Охотското Море, беше соопштено на денешната прес-конференција во руското Министерство за одбрана.

Loading...

„Во согласност со планот за обука на командните и контролните органи на руската Пацифичка флота за 2023 година, од 5 до 20 јуни ќе се одржи оперативна вежба на севооружените сили на Пацифичката флота под водство на адмирал Виктор Лијна, командант на флотата “, соопшти Министерството, пренесува ТАСС.

На вежбата ќе учествуваат повеќе од шеесет воени бродови и пловни објекти за поддршка на флотата, околу 35 авиони на поморската авијација, војници од крајбрежната одбрана и повеќе од 11.000 војници, потврдија во Министерството за одбрана на Руската Федерација, пренесува Танјуг.