Руската дума го усвои законот: Се забранува ЛГБТ пропаганда

Сподели со своите пријатели

Руската Дума денеска го одобри третото читање на законот за забрана на пропаганда на нетрадиционални сексуални односи, педофилија и информации кои можат да наведат некој да побара операција за промена на полот.

Loading...

Законот забранува ЛГБТ пропаганда во медиумите, на интернет, како и во реклами, книги и филмови, пренесе ТАС С.

Исто така, законот ги забранува сите покани за промена на пол кај малолетниците на Интернет, во медиуми, книги, аудиовизуелни услуги, филмови и реклами.

Законот ќе воведе и значителни казни за пропаганда на нетрадиционални сексуални односи, педофилија и информации што може да доведат до операција за промена на полот.

Казните за ЛГБТ пропаганда што вклучува ширење информации или јавни акции, како и пропаганда за промена на полот ќе изнесуваат до 100.000 рубљи (околу 1.650 американски долари) за жителите, до 200.000 рубљи (околу 3.300 долари) за службеници и до еден милион рубљи (околу 16.500 долари) за правни лица.

Максималната казна за таквата пропаганда на интернет или во медиумите ќе биде до пет милиони рубљи (околу 82.600 долари).