Руската армија спречила масовен напад со дронови на Крим

Сподели со своите пријатели

Руската армија запрела обид за масовен напад со дронови на Крим, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Loading...

„Шест дронови беа соборени, уште четири беа оневозможени благодарение на руското семејство системи за електронско војување“, се вели во соопштението, пренесува RT.

Според извештајот, во моментов нема жртви или оштетувања на градската инфраструктура.

Дополнително, во претходните два дена руската противвоздушна одбрана собори 15 украински дронови во регионите ДНР, ЛНР, Запорожје и Херсон.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.