Портпаролот на Источната група на вооружените сили на Украина, Серхи Черевати изјави дека руската армија постојано користи касетна муниција во војната против Украина.
– Русите постојано користат касетна муниција. Немаше време кога не го користеа. Единствено такво време е времето потребно за снабдување на таа муниција – рече тој.
Тој нагласи дека од почетокот на војната Русите користеле касетна муниција и во борбени позиции и во станбени области на украинските градови.
Според украинската агенција, касетната муниција испорачана од САД во Украина ќе ја промени ситуацијата на фронтот во корист на вооружените сили на Украина и ќе се користи само во областите каде што се концентрирани руски војници.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.