Според набљудувачката група на руската војска, од почетокот на агресијата врз Украина, Русија изгубила повеќе од половина од своите тенковски сили, а можеби и повеќе.
Иако таа очекуваше лесна победа во првите неколку месеци од војната во Украина, конфликтот трае речиси една година.
Во тој период руската армија изгубила повеќе од илјада тенкови на бојното поле.
Ова се информациите на групата Орикс, која се занимава со следење на визуелните докази за загубите на двете страни во конфликтот.
Според нивните информации, уништени се повеќе од илјада тенкови, но ова не е единствениот пораз на руската армија во тој сегмент.
Повеќе од 500 руски тенкови беа запленети од украинската армија, додека 79 беа оштетени, а 65 беа напуштени.
Проценките велат дека руската армија ја започнала агресијата со три илјади тенкови, а бројките за загуби што ги објави групата Орикс не се конечни, а може да бидат и поголеми.
Од друга страна, украинската армија во борбите загуби 459 тенкови, но заробила и повеќе од 500 руски, па може да се каже дека апсолутно победуваат во тој сегмент од оваа војна.
Исто така, треба да се потсети дека Украина допрва треба да добие големо засилување во однос на тенковите Леополд од Германија и тенковите М1 Абрамс од САД, пренесува Си-Ен-Ен.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.