Руска ракета падна во Молдавија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Руска ракета соборена од украински противвоздушен систем падна во Молдавија, пренесува „Главком“ повикувајќи се на Министерството за внатрешни работи на Молдавија.

Loading...

Ракетата паднала утрото на 31 октомври во северниот дел на градот Навслач во Република Молдавија, кој се наоѓа на границата со Украина.

Во моментов нема повредени, но неколку куќи се оштетени.

Треба да се напомене дека украинските власти известија дека утринава бил извршен напад со дрон на браната Днестар на територијата на Украина, која се наоѓа на еден километар од браната во Навслач.

Рускиот напад не ја оштети браната, но електричните компоненти поврзани со неа беа компромитирани.

Украинските власти најавуваат дека во моментов нема опасност од поплави.

Инаку, силите на Министерството за внатрешни работи на Молдавија го опколиле подрачјето каде паднала ракетата за да избегнат потенцијална опасност и се спроведува истрага, пренесува порталот Timpul.md.

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.