САД најдоа „дупка“ во санкциите и начин да го заобиколат ембаргото што самите го воведоа.
Рафинеријата на рускиот нафтен гигант „Лукоил“ на Сицилија добива и преработува нафта од Русија, а потоа како италијански производ извезува бензин и дизел во САД.
Дел од него потоа се продава од Америка назад во Европската унија.
Ова откритие на угледниот американски Волстрит журнал доаѓа во време кога останува уште еден месец до стапувањето во сила на санкциите на ЕУ против Москва, со кои од 5 декември се забранува увоз на руска нафта по морски пат.
Глобалните аналитичари предупредуваат дека овој пакет санкции на ЕУ, како и следниот, кој предвидува забрана за увоз на руски гориво од февруари, ќе предизвика шок на европскиот пазар и дополнително ќе го наруши снабдувањето со дизел и нафтени дестилати, како што се гасно масло и масло за греење.
Состојбата со дизелот е особено проблематична, бидејќи околу 10 отсто од побарувачката е зголемена во ЕУ и на глобално ниво, бидејќи се користи како енергенс поради скапиот гас.
Ситуацијата дополнително се искомплицира со штрајк во француските рафинерии.
Сето тоа во наредниот период ќе ја покачи цената на нафтата и горивото на берзите, ќе ги зголеми трошоците на компаниите, а со тоа ќе доведе до поскапување на дизелот и бензинот на пумпите.
Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.