Руска инфлуенсерка донела мечка од 190 килограми во станот: Сакав само да му ја покажам на син ми (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Валерија Татаринстева (21) е една од најголемите ѕвезди на ТикТок во Русија. На оваа социјална мрежа, младата мајка ја следат повеќе од седум милиони следбеници, со кои секојдневно ги споделува деталите од својот ’луксузен живот’.

Loading...

Но, најновото видео, покрај вниманието на светските медиуми, го привлече вниманието и на руската полиција, пренесува Мирор.

 

 

Валерија решила да донесе мечка од 190 килограми во својот стан за да ја види реакцијата на нејзиниот едногодишен син. Со помош на човекот кој го чувал животното на поводник, успеале во својот план. Кога мечката пристигнала во станот, Валерија позирала со него, а објавила и неколку видеа на кои танцува и си игра со мечката.

Кога нејзините соседи првпат ја виделе снимката помислиле дека станува збор за шега, но таа им потврдила дека навистина ја донела мечката во својот стан недалеку од Москва.

 

Loading...

 

-Тоа е лудо однесување. Па тоа е диво животно. Што ќе се случеше ако ги сретневме во ходникот или во лифтот. Можеби мечката ќе излезеше од контрола и ќе ни ги загрози животите – изјавил еден шокиран сосед.

Полицијата во соопштението соопшти дека истражува млада мајка за загрозување на животот на детето и малтретирање животни. Снимките во меѓувреме се отстранети од социјалните мрежи.