Олена Зеленска, сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, на Твитер реагираше на синоќешниот ракетен напад врз станбена зграда во Уман, во кој загинаа три лица, а најмалку осум беа ранети.
Првата дама на Украина објави неколку фотографии од станбена зграда погодена од руски проектил.
Уман се наоѓа на околу 215 километри јужно од Киев.
„Ова е како паралелна реалност“
„Русите намерно уништија дел од станбената зграда. Луѓето се под урнатините. Ова е толку страшно што изгледа како паралелна реалност“, најави Зеленска, а потоа додаде: „Луѓето не можат да им го прават тоа на другите луѓе. Русите можат.
„Моето сочувство до семејствата на жртвите. Одмаздата сигурно ќе дојде“, напиша таа.
Министерството за одбрана на Украина соопшти дека ракетите биле истрелани од руски бомбардери Т-95, додавајќи дека украинската противвоздушна одбрана соборила 21 од вкупно 23 проектили и два беспилотни летала, пренесува Индекс.
Умань… Прицільним ракетним обстрілом росіяни знищили частину багатоповерхівки. Під завалами люди. Це настільки страшно, що здається паралельною реальністю. Бо ж не можуть люди так чинити з людьми. А росіяни – можуть. Мої співчуття рідним загиблих… Відплата неодмінно настане. pic.twitter.com/pYUJuSkd2f
— Олена Зеленська (@ZelenskaUA) April 28, 2023
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.