Русите тврдат дека пронашле експлозив во дронот што се урна кај Москва. Украинците негираат вмешаност

Сподели со своите пријатели

Руските медиуми јавуваат дека вработени во Федералната служба за безбедност при проверка на беспилотното летало кое падна во близина на Москва, во него пронашле експлозив.

Loading...

Според нив, во дронот биле пронајдени два експлозиви С-4 со вкупна тежина од околу 1 килограм и четири полнења за рачен фрлач на противтенковски гранати.

Тие инсистираат на тоа дека соборениот авион бил од странско потекло и дека беспилотните летала од овој тип ги произведува украинска компанија.

Сепак, украинската страна целосно ги демантира информациите дека соборениот авион и припаѓал на Украина.

Михајло Подољак, советник на шефот на кабинетот на претседателот, изјави дека Украина не ја напаѓа Русија, туку води одбранбена војна со цел да ги деокупира сите нејзини територии и истакна дека тоа е аксиома.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поранешен шеф на руската дипломатија: Само оружје може да го запре Путин

Дополнително, Подољак изјави дека во Русија растат процесите на паника и дезинтеграција, чија манифестација е зголемување на внатрешните напади од неидентификувани воздушни објекти врз инфраструктурни објекти.

 

Loading...

 

фото: илустрација

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.