Русите тргнаа во нова офанзива: Напаѓаат во правец на Купјанск!

Сподели со своите пријатели

Руските сили тргнаа во офанзива во правец на Купјанск, а украинските сили одржуваат цврста одбрана, соопшти утринава Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Loading...

Генералштабот на украинската армија додава дека руските сили продолжиле да ги концентрираат силите во правец на Маринка, Лиман, Авдеевка и Бахмут и наведуваат дека изминатиот ден имало 36 судири во тие правци и во правец на Купјанск.

Истовремено, претставникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, Андриј Ковалев изјави дека украинските сили постигнале успех во офанзивата на два правци на јужниот дел на фронтот и дека сега држат позиции.

„Во исто време, во насока на Бахмут, украинската армија продолжува да спроведува офанзивни  операции северно и јужно од градот“, изјави Ковалев.

Според него, руските сили пружаат силен отпор и продолжуваат тешките борби.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.