Државната телевизија на Украина, објави дека за време на ноќниот напад на областа Одеса, руски ракети погодиле силос за жито и нафтен терминал, оштетиле цистерни и опрема за товарење и предизвикале пожар.
Ова го изјави Владислав Назаров, портпарол на командата на украинската армија на јужното бојно поле.
Армијата соопшти дека е погоден индустриски објект, во кој е повреден еден работник, а погодени се и два магацини на различни локации – со тутун и огномет.
Најмалку шестмина повредени
Оштетени се и неколку станбени згради во Одеса.
Најмалку шест жители на градот, меѓу кои и едно деветгодишно момче, побарале лекарска помош откако биле повредени од скршено стакло и други предмети.
Овие тврдења не се независно потврдени.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.