Русите со крстосувачки ракети од бомбардери го напднаа Киев

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатата ноќ и вчераутро Русија ја нападна Украина со крстосувачки ракети, а нешто подоцна следеше напад со самоубиствени дронови.

Loading...

Според податоците на украинските воздухопловни сили, шест авиони Ту-95МС полетале за Украина, пренесува Укринформ.

Во првиот ракетен напад по повеќе од два месеци, Русија употреби крстаречки ракети лансирани од стратешки авиони, како и балистички ракети, соопшти украинската армија, пренесува Танјуг.

„Експлозии во градот. Силите за противвоздушна одбрана оперираат. Останете во засолништата“, објави градската управа на Киев на „Телеграм“.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека САД, Европската унија и глобалните партнери мора да се обединат и да ја зголемат поддршката за Украина „за промена на траекторијата на конфликтот“.

На прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз, Руте рече дека Западот мора да ја зголеми „цената“ за рускиот претседател Владимир Путин и „неговите авторитарни пријатели“.

„Мораме да направиме повеќе отколку само да ја задржиме Украина во борбата“, рече Руте.

„По испораката на муниција и балистички ракети, Северна Кореја испрати војници да се борат и да загинат заедно со Русите во нивната нелегална војна. За возврат, Русија ѝ обезбедува на Северна Кореја средства и ракетна технологија“, рече Руте.

Loading...

Според него, овие ракети претставуваат директна закана за САД, Европа, Индо-пацификот и пошироката евроатлантска област.

„Колку повеќе трошиме за одбрана, толку повеќе го намалуваме ризикот од идни конфликти“, смета Руте.

Началникот на Генералштабот на полската армија, генерал Вислав Кукула, предупреди дека ако наскоро се договори мир во Украина, како што вети американскиот претседател Доналд Трамп, Русија може да ги обнови своите вооружени сили пред 2029 година и да биде подготвена за конфликт со НАТО.

„Русија има демографски потенцијал и суровини, и што е најважно, воена индустрија која добро функционира не само кога има војна, туку истовремено го развива и одбранбениот потенцијал на земјата“, изјави генералот Кукула за полскиот весник „Жечпосполита“, пренесува Бета.

Чешките разузнавачки служби предупредија дека крајот на војната во Украина може да предизвика многу ризична миграција, бидејќи украинските ветерани, како и криминалците и шверцерите на оружје, ќе одат на Запад за да им се придружат на своите сопруги и деца, пренесува Бета.

Поранешниот шеф на чешката полициска единица за борба против организираниот криминал, сега сенатор на радикалните националисти, Роберт Шлахта, предупреди дека Чешка веќе имала искуство со таква миграција за време на војните во поранешна Југославија.

„Тогаш ветераните почнаа да доаѓаат кај нас за да се обединат со нивните семејства. Тоа беше новитет за подземјето. Тоа беше поинаков тип на тврд човек. Кој и да помине низ војната, криминалот едноставно му е поблизок“, рече Шлахта.