Русите со гранатирање го уништија онколошкиот оддел на болницата во Чернихив, вели градоначалникот

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Чернихив, Владислав Атрошенко, изјави дека руските сили со гранатирање ја уништиле Онкологијата во тој украински град, само неколку дена откако Русија објави дека драстично ќе го намали интензитетот на воените активности околу Киев и Чернихив, пренесува Си-Ен-Ен.

Loading...

„Некои гранати директно ја погодија регионалната болница. Една од зградите во која се наоѓа Одделот за онкологија е целосно уништена. Три лица се тешко повредени“, изјави Атрошенко за Си-Ен-Ен.

 

Британија: Русија ги повлекува своите сили од Грузија и ги подготвува за Украина

 

Тој рече дека во градот нема вода и струја и дека градот има храна и лекови уште една недела. Единствените залихи што доаѓаат во градот ги носат војската и доброволците, рече Атрошенко.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите со крстосувачки ракети од бомбардери го напднаа Киев

„Во моментов имаме огромна хуманитарна катастрофа“, рече Атрошенко.