Базата на елитниот центар Рубикон за напредни беспилотни технологии на руските вооружени сили беше случајно откриена, благодарение на – сопствена пропаганда.
Локацијата на центарот беше идентификувана преку анализа на видео материјали објавени од Владимир Соловјов, еден од главните пропагандисти на Кремљ.
Во серија од три видеа – објавени од руското Министерство за одбрана и самиот Соловјов, вклучувајќи видео за годишнината од Рубикон – експертите препознаа голем број карактеристични детали во ентериерот: знаци над тоалетите со англиски превод, облоги на столбовите, постери на штандови и надувувачки пречки за FPV дронови.
Овие елементи се совпаднаа со промотивните материјали и фотографиите од Патриот Парк, изложбен комплекс во близина на Москва.
Анализата потврди дека Центарот ја зафаќа салата D и дел од салата C од јужниот дел на комплексот, пишува украински вести.
Снимките, исто така, прикажуваат паркинг со возила и транспортери за оператори на беспилотни летала.
Патриот Парк е огромен воено-патриотски комплекс отворен од руското Министерство за одбрана.
Иако е дизајниран за изложби и демонстрации на воена опрема, тој е претставен и како цивилен објект.
Токму оваа двојна улога ѝ овозможува на Русија да ги прикрива воените инсталации во рамките на цивилната инфраструктура.
🎪 Radio Liberty:
Solovyov filmed a propaganda story about the elite Russian UAV unit “Rubikon”, could not properly blur all the details in the video and ahow the location of their headquarters from the toilet sign. pic.twitter.com/hi9esizYRt
— kozachok 🌻 (@DmytroSolenko) September 17, 2025