Русите продолжуваат да го гранатираат Чернихив, автобуси на пат кон Мариупол

Сподели со своите пријатели

Русите продолжуваат да го гранатираат Чернихив и покрај најавите на Москва дека ќе ги намали воените дејствија во областа, соопшти британската разузнавачка служба, а украинската влада објави дека автобуси се упатуваат кон опколениот Мариупол за да ги евакуираат цивилите.

Loading...

Руските сили продолжуваат да ги држат позициите источно и западно од Киев и покрај повлекувањето на ограничен број војници, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

 

Украинскта војска: Одбивме пет непријателски напади во правец на Доњецк и Луганск

 

– Во наредните денови најверојатно ќе има жестоки борби во предградијата на Киев, се вели во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ФСБ: Русин ѝ давал информации на Украина за пари, се соочува со доживотен затвор

Автобуси на патот

Продолжуваат жестоките борби во Мариупол, клучна цел на руските сили, соопшти Министерството, додавајќи дека центарот на градот се уште е под контрола на украинските сили.

Loading...

Русија неодамна објави дека „радикално ќе ја намали“ својата „воена акција во правец на Киев и Чернихив“ и дека ќе се фокусира само на регионот Донбас, на истокот на земјата.

 

Украинскта војска: Одбивме пет непријателски напади во правец на Доњецк и Луганск

 

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук изјави дека автобуси се на пат кон Мариупол во обид да ги евакуираат цивилите од тој целосно уништен град, кој руските сили го држат опколен од почетокот на инвазијата на 24 февруари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  4.000 рудари заробени во рудник: Властите негираат одговорност за нив, а тие останаа без храна и вода

Нови напади

Руското Министерство за одбрана во средата навечер објави дека локален прекин на огнот ќе има во четврток во 9 часот по средноевропско време во Мариупол.

Верешчук рече дека Меѓународниот комитет на Црвениот крст потврдил дека Русија се согласила да отвори хуманитарен коридор за евакуација на десетици илјади цивили.

Loading...

 

Украинскта војска: Одбивме пет непријателски напади во правец на Доњецк и Луганск

 

Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат дека спречуваат евакуација на жителите на Мариупол, кој е под жестоки напади на руските сили и со недели во нивна близина.

Украинските сили се подготвуваат за нови напади на истокот на земјата, каде што Русите го засилуваат своето воено присуство, откако претрпеа неуспеси во близина на главниот град Киев, изјави во четвртокот украинскиот претседател Володимир Зеленски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шефот на МААЕ: Нуклеарните објекти во Иран не смеат да бидат нападнати