Русите лансираа проектил од подморница: „Ја погоди целта“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за одбрана во петокот објави видео од истрелување на проектил Калибр од подморницата Петропавловск-Камчатски во Јапонското Море кон крајбрежна цел.

Loading...

Лансирањето беше извршено во текот на денот. Видеото покажува и како проектилот ја погодува наменетата цел.

„Ракетата „Калибр“ во очекуваното време ја погоди целта во тактичкото поле Сиуркум во областа Хабаровск“, се вели во соопштението на Министерството за Тасс.

Москва користела ракети „Калибр“ за да нападне повеќе цели во Украина, вклучително и електрани, лансирајќи ги од бродови и подморници во Црното Море, пишува Ројтерс.