Русите дополнително ја минирале нуклеарната централа Запорожје

Сподели со своите пријатели

Шефот на украинското воено разузнавање Кирил Буданов во вторникот ја обвини Русија дека го „минира“ базенот што се користи за ладење на реакторите во нуклеарната централа Запорожје, окупирана од Русија, во јужна Украина.

Loading...

Станува збор за најголемата европска нуклеарна централа, комплекс со шест реактори, која се најде под окупација веднаш по инвазијата на московските сили во февруари минатата година.

„Најстрашното е што нуклеарната централа Запорожје беше дополнително минирана во тоа време (…), имено беше миниран базенот за ладење“, изјави Буданов за телевизијата, без да обезбеди докази за своето тврдење.

Ројтерс побара коментар од руското Министерство за одбрана.

Двете страни претходно меѓусебно се обвинуваа за гранатирање на електраната и нејзината околина, а меѓународните напори за воспоставување демилитаризирана зона околу комплексот досега пропаднаа, потсетува Ројтерс.

Во меѓувреме, украинското Министерство за одбрана ги отфрли како „ништови“ руските наводи дека тие би можеле да направат „валкана бомба“.

Министерството истакна дека ваквите предлози, кои во понеделникот ги изнесе шефот на руската служба за надворешно разузнавање СВР Сергеј Наришкин, за прв пат ги даде Москва минатата година.

Ваквите наводи, соопшти украинското министерство, имаат за цел „да го одвлечат вниманието од јасните порази на окупаторските сили на бојното поле и да сеат недоверба меѓу западните сојузници на Украина“.

Loading...

„Ако Русија зборува за „валкана бомба“, нејзината употреба од страна на Русија би можела да биде вистинска закана“, заклучува Министерството.

Наришкин ги повика нуклеарното надзорно тело на ОН и Европската унија да го истражат испраќањето на „озрачено гориво“ од нуклеарната централа Ривне во западна Украина за отстранување во складиштето за потрошено гориво во Чернобил.

Меѓународната агенција за нуклеарна енергија на ОН соопшти дека овој месец известила за трансферот на тој енергенс од Ривино во Чернобил и дека овие движења биле земени предвид.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.