Русинките му порачаа на Путин: Престани да испраќаш мажи на „колење“

Сподели со своите пријатели

Група руски сопруги и мајки го повикаа претседателот Владимир Путин да престане да ги испраќа нивните сопрузи и синови „да бидат заклани“ во војната во Украина, без соодветна обука или материјали.

Во видеото објавено од независниот руски телеграмски канал СОТА, жените рекоа дека нивните најблиски биле „принудени да им се придружат на напаѓачките групи“ на почетокот на март и покрај само четири дена обука од нивната мобилизација во септември.

На видеото се гледаат жени кои држат знак на руски јазик, на кој пишува: „580-ти – посебен артилериски баталјон за хаубицери“, од 11 март 2023 година, пренесува Си-Ен-Ен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Некогаш позираше за Плејбој, ја нарекуваа и „кума на Путин“: Сега реши да „избега“

„Мојот сопруг е на линијата на контакт со непријателот“, вели една жена на видеото.

„Нашите мобилизирани (мажи) се испратени како јагниња на колење за да ги нападнат утврдените области – пет против 100 непријатели вооружени до заби“.

Подготвени се да ѝ служат на татковината, но според специјализацијата за која се обучени, не како јуришници.

Телеграф не можеше самостојно да ги потврди тврдењата на групата жени на видеото.

 

 

Одлуката на Путин да испрати стотици илјади Руси да се борат на боиштата во Украина, предизвика гнев во јавноста и принуди многу Руси, особено млади мажи, да ја напуштат земјата.

„Побегнавме од Русија затоа што сакаме да живееме. Се плашиме дека може да не испратат во Украина“, изјави претходно за Си-Ен-Ен еден маж, кој сакаше да остане анонимен за да ги заштити најблиските што останаа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Орбан го критикуваше Трамп и најави средба со Путин во Будимпешта

Семејствата на регрутираните Руси ја критикуваа мобилизацијата и наведоа голем број проблеми, како што се недостатокот на дисциплина и лидерство кај офицерите од среден ранг, непостоечка обука и логистички тешкотии како што се недостаток на униформи, лоша храна и недостаток на медицински материјали.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.