Русинка манекенка која Путин го нарече психопат е пронајдена мртва

Сподели со своите пријатели

Телото на руската манекенка било пронајдено скриено во куфер повеќе од една година откако исчезнала.

Loading...

Грета Ведлер (23) била убиена еден месец откако на социјалните мрежи објави дека рускиот претседател Владимир Путин е психопат и тврдеше дека неговиот порив „да се подобри територијалниот интегритет на Русија“ ќе заврши со солзи.

 

Зеленски: Путин ќе ги таргетира другите европски земји, сите сте цел

 

Нејзиното поранешно момче Дмитриј Коровин (23) повеќе од една година подоцна призна дека ја задавил до смрт по расправија за пари во Москва, која не била поврзана со нејзините политички ставови и анализа на Путин.

На инспекторите им рекол дека три ноќи спиел во хотелска соба со нејзиното тело, кое го ставил во куфер што штотуку го купил.

Пријател на починатата манекенка, Евгениј Фостер, блогер од Харков, украински град жестоко нападнат од руските сили, се посомневал и поднел пријава за исчезнување преку пријател од Москва, што довело до истрага која завршила со пронаоѓање на телото.

Loading...

 

Зеленски: Путин ќе ги таргетира другите европски земји, сите сте цел

 

Откритијата на манекенката во јануари 2021 година за Путин, еден месец пред да биде убиена, не се сметаат за поврзани со нејзината смрт, но се интересни во контекст на инвазијата на Путин на Украина која трае повеќе од две и пол недели.