Русин осуден на затвор во Будва оти одбил алкотест

Сподели со своите пријатели

Државјанинот на Русија Н.А. (36) е казнет во итна постапка со единствена затворска казна од 30 дена, објави претседателот на судот за прекршоци во Будва, Марко Ѓукановиќ.

Loading...

Тој викендов на улица „Медитеранска“ во Будва управувал патничко моторно возило без да застане на знакот „Стоп“ издаден на пропишан начин од полициски службеник од ПС Будва, а откако бил сопрен од полицијата, одбил да се подложи на алкотестирање.

Судијката Катарина Вујачиќ Вуксановиќ, покрај казната, му изреклз и четиримесечна забрана за возење, која стапува во сила по издржувањето на затворската казна.

Со решението било утврдено дека обвинетиот треба веднаш да биде испратен на издржување затворска казна во УИКС Спуж.