Русија утрово започа шести воздушен напад врз Киев овој месец

Сподели со своите пријатели

Рано утринава Русија го изврши шестиот воздушен напад врз Киев овој месец, соопшти воената управа на главниот град на Украина, додека алармот за нападот се огласи пред повеќе од три часа.

Русија го нападна главниот град на Украина со дронови од иранско производство.

Според прелиминарните информации, сите летала биле соборени од украински системи за противвоздушна одбрана, изјави на Телеграм Сергиј Попко, шеф на воената администрација во Киев.

Сирените за тревога се огласија по полноќ

Се уште се собираат информации, но засега нема жртви или значителна материјална штета, пренесува Ројтерс.

Сирените за тревога се огласија околу час и половина по полноќ, а освен во областа Киев, тие се слушнаа во поголемиот дел од источниот дел на земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп го увери Навроцки дека ќе ја поддржи Полска во случај на безбедносна закана

Воздухопловните сили издадоа предупредување за воздушен напад за источните и југоисточните региони, со оглед на тоа дека постои нова закана од напади со балистичко оружје на споменатите области, се вели во нивното соопштение на Телеграм.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.