Русија: Украинците се обидоа да ја освојат НЕ Запорожје

Сподели со своите пријатели

Русија утринава објави дека нејзините сили одбиле обид на Украина да ја заземе нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина.

Loading...

Битката во близина на нуклеарната централа „траела неколку часа“, објави руската прорежимска агенција РИА.

„По гранатирањето на градот, беше обид за слетување, што вклучуваше обид за заземање на нуклеарната централа Запорожје“, рече прорускиот лидер Владимир Рогов, додавајќи дека „обидот е одбиен“.

Русите ја окупираа нуклеарната централа уште во март

Руските сили ја окупираа нуклеарната централа Запорожје во март и оттогаш ја контролираат.

Русија и Украина со месеци меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на областа на нуклеарната централа.

Нуклеарните експерти предупредуваат на ризикот од оштетување на прачките од потрошеното нуклеарно гориво во Запорожје или неговите реактори.

Само овој месец во нуклеарната централа три пати снемало струја. Напојувањето последен пат беше вратено во понеделник навечер.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...