Русија: „Украина ги одложува преговорите за безбедносна зона околу Запорожје“

Сподели со своите пријатели

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков тврди дека Украина ги одложува преговорите за создавање безбедносна зона околу нуклеарната централа Запорожје, пишува Си-Ен-Ен.

Loading...

„Процесот на преговори не е лесен. Ги проследивме нашите предлози до Рафаел Гроси, генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија. Колку што знаеме, Киев сè уште не дал јасен одговор на иницијативата на шефот на МААЕ. Се чини дека одолговлекуваат“, рече Рјабков во интервју за рускиот државен весник агенцијата РИА Новости.

Украина постојано ги обвинуваше руските сили дека складирале тешко оружје во комплексот и го користат како покритие за напади, знаејќи дека украинските сили не можат да возвратат на оган без да ризикуваат да погодат еден од реакторите.

Рјабков, од друга страна, го обвини Киев дека „го користи овој објект за нуклеарна уцена“ и тврди дека МААЕ нема право да се меша во безбедноста на нуклеарната централа.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.