Русија уапси Украинец: Се сомневаат дека сакал да разнесе далновод на Крим

Сподели со своите пријатели

Руските безбедносни служби уапсија украински државјанин под сомнение дека планирал да „саботира“ далновод на Крим, објави во средата руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Loading...

ФСБ изјави дека мажот на околу 40 години имал со себе дијаграми на далноводи, три експлозивни направи и упатства за нивната употреба.

Тие се сомневаат дека човекот бил регрутиран од украинската разузнавачка служба.

Службата за безбедност на Украина (СБУ) не беше веднаш достапна за коментар.

Од почетокот на руската инвазија на Украина пред повеќе од осум месеци, Москва постојано ги обвинуваше украинските „саботери“ дека ја гаѓаат нејзината енергетска инфраструктура.

Во август Русија ја обвини Украина за оштетување на електричната трафостаница во анектираниот Крим.

Украина не ја потврди вмешаноста, но официјалните лица ги поздравија претходните инциденти како „одмазда“ за руската инвазија на Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...