Русија тврди: САД не ни се обратија во врска со заробените Американци

Сподели со своите пријатели

Руската амбасада во Вашингтон тврди дека не добила официјален допис од американската страна во врска со американските државјани кои биле заробени во Украина, изјави амбасадорот Анатолиј Антонов.

Loading...

„Не се обратија до амбасадата“, рече Антонов.

Претходно портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс изјави дека САД побарале од Русија информации за затворениците, но не добиле одговор, пренесува Спутник.

Во меѓувреме, Белата куќа соопшти дека е „ужасно“ што руски функционер сугерирал дека Американците заробени во Украина може да добијат смртна казна.

„Ужасно е функционер во Русија да предложи смртна казна за американските граѓани… во Украина“, изјави Џон Кирби, портпарол на Белата куќа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку руски војници загинале од почетокот на војната во Украина?

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека заробените американски државјани се предмет на судски одлуки и не ја отфрли можноста тие да бидат осудени на смрт.

Тој во понеделникот во интервју за американската телевизиска мрежа NBC рече дека двајцата Американци кои биле заробени додека се бореле на украинската страна во војната се платеници кои ги загрозиле животите на руските војници и дека тие треба да одговараат за неговата работа. јавува Гласот на Америка.

Вашингтон ја отфрли изјавата на Песков дека заробените Американци се платеници и дека за нив не важат Женевските конвенции.

Loading...

„Очигледно е дека не се согласуваме со тоа и јасно ѝ го пренесовме тоа на руската влада“, рече неименуван висок функционер на Стејт департментот на прашањето на новинарите да ја коментира изјавата на портпаролот на Кремљ, пренесе Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД во сабота ќе гласаат за законот за воена помош за Украина