Русија тврди дека уништила база на странските платеници во Украина

Сподели со своите пријатели

Руските ракети со висока прецизност ја уништија „базата на странски платеници“ во регионот Харков, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

Loading...

„Ракети со висока прецизност лансирани од воздух ја уништија базата на странски платеници во близина на населбата Авдеевка во регионот Харков“, рече Конашенков, пренесува ТАС С.

Според него, меѓу другите погодени украински цели се девет области каде се распоредени украински војници и воена опрема и пет позиции за стрелање на единици опремени со повеќецевни ракетни фрлачи во близина на Малоријазанцево, Волчејаровка, Подгорној и Лисичанска во регионот на Луганск.

„Покрај тоа, уништен е и ракетниот систем Бук-М1 во близина на населбата Минковка во Доњецката Народна Република“, додаде портпаролот на руското Министерство за одбрана, пренесува Танјуг.

Тој, исто така, објави дека руските ракетни и артилериски сили уништиле два повеќецевни ракетни фрлачи „Град“ и девет оружја на терен, како и складиште за гориво, со елиминација на „над 300 националисти“, јави ТАС С.