Русија тврди дека спречина украински напад врз Крим

Сподели со своите пријатели

Руските сили го спречија обидот на Украина да го нападне Крим, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана утринава.

Loading...

„Руските сили вечерва го спречија обидот на режимот во Киев да изврши терористички напад на полуостровот Крим со 20 дронови. Спречениот терористички напад не предизвика жртви или материјална штета“, се вели во соопштението, пренесува ТАСС.

Според руското Министерство за одбрана, 14 украински беспилотни летала биле уништени од руската воздушна одбрана, а уште шест биле неутрализирани со заглавување на системи за електронско војување.

Претходниот напад со беспилотни летала на Крим, во кој учествуваа 25 дронови, се случи на 30 јули.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.