Русија тестираше ракета што може да уништи земја со големина на Франција. Еве за какво оружје се работи!

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин вчера испрати страшно предупредување до Западот со пробното лансирање на ракетата „Сатана II“.

Loading...

Ракетата беше лансирана од Плесецк на северозападот на земјата и погоди цели на полуостровот Камчатка на далечниот исток.

Станува збор за проектил со дострел од 18.000 километри и се смета за интерконтинентална балистичка ракета со најдолг дострел во светот.

 

Зеленски: Украина ослободи 934 населени места

 

Путин го опиша лансирањето како „голем, значаен настан“ за руската војска и рече дека оружјето може да ги надмине сите модерни одбранбени системи. Но, САД го опишаа тестирањето како рутинско и ја отфрли секоја глобална закана.

Лансирана од космодромот Плесецк во северна Русија, ракетата погоди цел оддалечена 5.800 километри на полигонот Кура на полуостровот Камчатка.

Loading...

Кога е целосно вооружен, проектилот може да носи оружје доволно силно за да уништи област со големина на Франција.

 

Зеленски: Украина ослободи 934 населени места

 

„Ова навистина уникатно оружје ќе го зајакне борбениот потенцијал на нашите вооружени сили, сигурно ќе ја обезбеди безбедноста на Русија од надворешни закани и ќе ги натера оние кои се обидуваат да ѝ се закануваат на нашата земја во жарот на агресијата двапати да размислат“, рече Путин во телевизиско обраќање.

Првите ракетни тестови беа одржани во 2017 година, а РС-28 Сармат беше дизајниран да го замени Р-36.

 

Хајдаи: Русија контролира 80 отсто од регионот Луганск

Loading...

 

– Сармат е најмоќната ракета со најголем дострел на уништување цели во светот, што значително ќе ја зголеми борбената моќ на стратешките нуклеарни сили на нашата земја. Способен да патува со брзина до 16.000 милји на час, може да распореди повеќе боеви глави и други оружја кон хиперсонични брзини, што го прави исклучително тешко да се урне. Ќе може да ја лансира Авангард, првата хиперсонична ракета во Русија, која може да патува до врвот на земјината атмосфера со повеќе од десет пати поголема брзина од звукот – соопшти руското Министерство за одбрана.