Руските системи за противвоздушна одбрана утрово уништија три украински беспилотни летала над територијата на Крим, соопшти руското Министерство за одбрана.
„Денеска околу 7 часот и 30 минути по московско време е запрен обидот на режимот во Киев да изврши терористички напад со авиони од типот на беспилотни летала врз објекти на територијата на Руската Федерација.
Дежурните системи за противвоздушна одбрана уништија три украински беспилотни летала над територијата на Република Крим“, соопшти Министерството за одбрана, пренесува РИА Новости.
Од почетокот на рускиот напад на Украина во февруари минатата година, Русија речиси секојдневно објавува дека Украина лансира беспилотни летала во нејзините погранични области, како и на полуостровот Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година, пренесува Танјуг.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.