Русија собори 13 украински дронови во близина на Москва и Крим

Сподели со своите пријатели

Русија утринава соопшти дека соборила 13 украински дронови во обид да ги нападнат полуостровот Крим и руската престолнина Москва.

Loading...

Руското Министерство за одбрана соопшти дека двете беспилотни летала биле соборени од нејзината противвоздушна одбрана во близина на Севастопол, поморска база на полуостровот Крим што Русија ја анектираше во 2014 година.

Министерството додава дека уште девет дронови биле заглавени и паднале во Црното Море.

Два дрона се соборени над руската престолнина Москва, понатаму тврди Министерството, наведувајќи дека првиот бил соборен над регионот Калуга, а вториот над луксузниот округ Одинцово.

„Беа спречени денешните обиди на режимот во Киев да изврши терористички напади со беспилотни летала“, соопшти Министерството, додавајќи дека нема жртви.

Нападите со беспилотни летала длабоко во руска територија зачестија откако на почетокот на мај беше уништен еден дрон над Кремљ.

Украинците не напаѓаат само со летачки дронови, туку и со поморски

Цивилните области во руската престолнина потоа беа погодени подоцна во мај, а деловната област на Москва беше цел двапати во три дена на почетокот на август.

Во последните денови, украински бродови на далечинско управување, познати и како беспилотни, нападнаа руски танкер со гориво во поморска база во руското пристаниште Новоросијск на Црното Море.

Loading...

Украина никогаш не коментира кој стои зад нападот на руска територија, но нејзините претставници јавно изразуваат задоволство од таквите успеси.

Американскиот весник „Њујорк тајмс“ во мај објави дека американските разузнавачки агенции веруваат дека украинските разузнавачки служби стојат зад нападот со беспилотно летало врз Кремљ.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.