Гувернерот на Брјанската област во Русија, Александар Богомаз, соопшти дека пограничното село Некисличи утринава било гранатирано од територијата на Украина.
Loading...
Богомаз на Телеграм напиша дека нема жртви, а во гранатирањето е оштетен далноводот, пренесува РИА Новости.
Регионот Брјанск се наоѓа на запад од Русија, на границата со Украина.
Од почетокот на конфликтот со Украина, Москва неколку пати објави дека пограничните области во Русија се гранатирани од страната на Украина.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.