Русија: Се зголемува бројот на жртви, 15 лица загинаа во пожарот

Сподели со своите пријатели

Бројот на жртвите од пожарот што избувна во кафуле во рускиот град Кострома се искачи на 15, потврдија денеска за агенцијата ТАСС од итната помош.

Loading...

– Според последните податоци, во пожарот загинале 15 лица – изјавил за руската агенција извор од итната служба.

Во извештајот се наведува дека во овој инцидент со полесни телесни повреди се здобиле уште пет лица и дека им била укажана лекарска помош во амбуланта.

Претходно беше соопштено дека од објектот се евакуирани вкупно 250 гости, како и 15 жители на блиската станбена зграда.

Во гаснењето на пожарот учествувале 50 лица и 20 оперативци, соопштија од противпожарната служба за руската агенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова е тинејџерот кој денеска го изврши нападот во училиште во Словачка

Извори од итната помош прецизираат дека пожарот можел да го предизвикале пиротехнички средства.

Покрената е кривична истрага, а во тек е потрагата по гостинот кој употребил пиротехнички пиштол во ресторанот, изјави за ТАСС претставник на полицијата.