Русија се повлекува од Европската конвенција против корупција

Сподели со своите пријатели

Русија денеска одлучи да се повлече од европската конвенција за борба против корупцијата, откако се повлече од Советот на Европа по почетокот на специјалната воена операција во Украина.

Loading...

Рускиот претседател Владимир Путин побара од Долниот дом на парламентот, Државната Дума, да го отповика членството на Русија во конвенцијата на Советот на Европа што Москва ја потпиша во 1999 година.

Датумот на гласањето сè уште не е одреден, но се очекува да следи наскоро , објави АП.

Во писмото до Думата, Путин наведува дека повлекувањето е резултат на одлуката на Советот на Европа да го ограничи членството на Русија во ова тело, што според него е „неприфатливо“ и „дискриминаторски“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Британија: Русите се обидуваат со нова офанзива, засилување пристигнува на истокот на Украина

Советот на Европа, главното тело за човекови права во Европа, го суспендираше членството на Русија набргу откако Русија испрати војници во Украина на 24 февруари.

Во септември Москва се повлече од Европската конвенција за човекови права.