Русија сака да ги подигне односите со Кина на ново ниво

Сподели со своите пријатели

Русија денеска соопшти дека сака да ги подигне односите со Кина „на ново ниво“.

Loading...

Убедени сме дека можностите за руско-кинеска соработка не се исцрпени, соопшти Министерството за надворешни работи во Москва, пренесува Ројтерс.

Беше наведено дека Русија има намера да достигне 200 милијарди долари трговска размена со Кина порано од планираното и „значително да ги продлабочи“ врските со Пекинг.

Руските медиуми објавија дека кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ќе ја посети Москва во февруари.

Се тврди дека постои можност Ванг да разговара со рускиот претседател Владимир Путин и дека посетата може да биде поврзана со посетата на Москва на кинескиот претседател Си Џинпинг.