Руската државна новинска агенција РИА објави дека руското Министерство за внатрешни работи издаде налози за двајца од највисоките воени команданти на Украина, врховниот командант на украинските сили Валериј Залужни и генерал-полковник на копнената армија Олександр Сирски.
Не беше наведено зошто се издадени потерниците, а украинската страна ги оцени како уште еден обид за деморализирање на своите сили.
„Бесмислено е да се врши психолошки притисок врз командантите кои се борат против непријател кој е многу посилен и во однос на бројот на војници и во однос на оружјето“, коментира заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Маљар, пренесува N1.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.