Русија призна дека има „значителни загуби на војници“ во Украина.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за британски Скај њуз дека жртвите се „огромна трагедија“ за неговата земја.
Макрон: Франција е подготвена да биде гарант за мирот во Украина
Тој додаде дека се надева оти Москва ќе ги исполни своите воени цели „во наредните денови“.
Русија ги повлече војниците од областа околу Киев и го префрли најголемиот дел од фокусот на источна Украина, но крајот на војната не е на повидок, истакнува Би-би-си.
Макрон: Франција е подготвена да биде гарант за мирот во Украина
Русија синоќа беше суспендирана од Советот за човекови права на ОН, бидејќи светската јавност беше згрозена од фотографиите на убиените цивили во Буча, за кои Киев ја обвини Москва, а таа ги демантираше.