Русија предлага организација за безбедност во Перисискиот залив

Сподели со своите пријатели

Русија повикува на формирање организација за безбедносна соработа во Персискиот залив, соопшти тамошното Министерство за надворешни работи.

Loading...

– Практични чекори кон започнување на процесот би можеле да се состојат од билатерални и мултилатерални состаноци на страните кои ги засега оваа тема, вклучитлено и државите во регионот и оние кои тоа не се, Советот за безбедност на ООН, Арапска лига, Организација на исламски држави и Советот за соработка на арапските држави во Заливот, се наведува во соопштението на руското министерство, а пренесува ТАСС.

Од министерството наведуваат дека состаноците ќе послужат како подготовка за меѓународната конференција за безбедност и соработка во Персискиот залив.

– Групата би имала задача да утврди географски ограничувања на идниот безбедносен систем, неговите учесници, дневниот ред, ниво на претставување, место на идниот форум, како и да објавува нацрти на резолуции, вклучително мерки за безбедност, доверба и контрола, се додава во соопштението.

Долгорочна цел, како што се додава, е основање организација за соработка и безбедност во Заливот во која ќе бидат вклучени и Русија, Кина, САД, ЕУ, Индија и други партнери.

фото: Youtube printscreen

Leave a Reply