Русија повторно го нападна регионот Одеса на југот на Украина користејќи 19 ронови и 14 проектили, при што рани едно лице и оштетена пристанишна инфраструктура, соопштија утрово украинските власти.
„Москва го нападна регионот Одеса со офанзивни беспилотни летала и два вида ракети. Една жена е ранета и пренесена во болница, а извршени се неколку удари врз пристанишните објекти“, објави гувернерот Олег Кипер на Телеграма.
Украина: Русија употреби 19 дронови во нападот, а мобилизираше и подморница
Според украинската армија, Русија во нападот користела 19 беспилотни летала Шахид од иранско производство, две суперсонични ракети Оникс и 12 ракети Калибр.
„Мобилизираше и подморница. Украинската противвоздушна одбрана ги собори сите беспилотни летала и 11 проектили Калибр. Две проектили Калибр од вкупно 11 беа уништени во регионите на Миколаев и Кировград, а огромното мнозинство над Одеса“, соопшти војската.
Еден проектил погодил празен склад за жито во Одеса, изјави воената портпаролка Наталија Хуменјук.
Руските сили редовно ја таргетираат јужна Украина на Црното Море, каде што се наоѓа важна пристанишна инфраструктура за поморска трговија.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.