Русија: Поправките на мостот на Крим ќе траат до јули 2023 година

Сподели со своите пријатели

Поправките на мостот што ги поврзува полуостровот Крим и југот на Русија треба да завршат до јули 2023 година, се наведува во документот објавен на веб-страницата на руската влада, пренесе денеска РИА Новости.

Loading...

Рускиот претседател Владимир Путин на 9 октомври изјави дека експлозијата на клучниот мост што го поврзува Крим со Русија е терористички чин, планиран од украинските специјални служби.

Три лица загинаа во експлозијата на мостот.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во средата објави дека терористичкиот напад на мостот на Крим го организирале Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина и нејзиниот началник Кирил Буданов, а во досегашната истрага се уапсени осум лица. објави Интерфакс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ ги демантира медиумите: Сопругата на Асад не поднела барање за развод

Како што се наведува во соопштението на ФСБ, службата привела пет државјани на Русија и тројца државјани на Украина и Ерменија во рамките на истрагата за терористичкиот напад, чиј организатор Москва ја назначи украинската воена разузнавачка служба.

ФСБ соопшти дека истрагата за нападот продолжува, а сите нејзини организатори и соучесници, „вклучувајќи и странски државјани, ќе одговараат во согласност со руските закони“, пренесе Интерфакс.

Иако Киев директно не ја презеде одговорноста за експлозијата, советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак инцидентот на мостот на Крим го нарече „почеток“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...