Руски проектили погодија терминали за жито на земјоделска компанија во јужниот дел на украинската област Одеса, при што беа повредени две лица, соопшти денеска регионалниот гувернер Олег Кипер.
Loading...
„За жал, беа погодени терминалите за жито на една земјоделска компанија во регионот Одеса. Непријателот уништи 100 тони грашок и 20 тони јачмен“, изјави тој денеска на Телеграм, пренесува Ројтерс.
Тоа е четврта ноќ по ред како Москва врши напади врз пристаништето на Црното Море.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.