Русија подготвува нов вид воени операции со нуклеарно оружје за заштита од можна американска агресија

Сподели со своите пријатели

Во Русија се подготвува нов тип на воена операција со употреба на нуклеарно оружје за заштита од можна американска агресија, објави руското воено списание „Military Thought“, кое го издава  руското Министерството за одбрана.

Loading...

Според материјалот, чии автори се заменик-командантот на стратешките ракетни сили на руската армија Игор Фазлетдинов и пензионираниот полковник Владимир Лумпов, САД постепено ја губат лидерската позиција во светот, наведува Спутник.

Како резултат на тоа, расте агресивноста на нивниот воено-политички курс кон Русија, бидејќи во Вашингтон ја сметаат Москва за главен виновник за губењето на американската светска доминација.

Во исто време, авторите наведуваат дека, очигледно, САД планираат да ја поразат Русија во форма на „Стратешка (глобална) операција во неколку области“.

Како дел од оваа операција, објаснува изданието, Пентагон предвидува поразување со конвенционален итен глобален напад на најмалку 65-70 отсто од стратешките нуклеарни сили на Русија, неутрализирање на преостанатите и активирани руски носачи на нуклеарно оружје со глобален систем за противракетна одбрана и потоа спроведување минимално доволен нуклеарен напад врз Русија со цел да се уништи.

Според авторите на написот, руските воени експерти како главно средство и инструмент за спротивставување на обидите за спроведување на агресивните планови на Пентагон преку извршување на стратешка операција на повеќе сфери разгледуваат перспективна форма на стратешка примена на вооружените сили на Русија: операција на стратешки сили за задржување.