Русија планира да донесе примероци од Венера

Сподели со своите пријатели

Руски научници сакаат да испратат три мисии на Венера во периодот 2029-2034 година.

Loading...

Последниве за прв пат во историјата ќе се обидат оттаму да донесат примероци од почва, изјави научниот директор на Институтот за вселенски истражувања на Руската академија на науките, Лео Жељони.

– Веќе не размислуваме за една мисија „Венера Д“, туку за целата програма… Како последна мисија се разгледува сосема фантастична идеја за носење примерок од почва од Венера – прецизира научникот.

Како што наведе, планирани се три мисии во рамките на руската програма за истражување на Венера за 2029, 2031 и 2034 година.

Во 2029 година вселенското летало „Венера Д“ со орбитален, слетувачки, демонстративен и атмосферски модул ќе оди кај соседот на Земјата. „Експедиција 2“ е планирана за 2031 година.

„Експедиција 3“, која научниците сакаат да ја лансираат во 2034 година, ќе вклучува модули за летање и балони и возила за слетување и враќање.