Русија откри од каде мистериозната светлина на небото

Сподели со своите пријатели

Руските вселенски сили спроведуваат експерименти со странски сателити во орбитата, соопшти Министерството за одбрана по повод 65-годишнината од вселенските сили.

Loading...

„Специјалистите на Главниот центар за вселенско разузнавање посветија посебно внимание на следењето на составот и состојбата на орбиталните групи на странски вселенски системи, како и на спроведувањето експерименти во орбити со летала на странски земји“, посочува агенцијата.

Министерството за одбрана додаде дека во текот на годината, дежурните средства на рускиот систем за предупредување за ракетен напад, како и специјализираните средства за контрола на вселената и системи за противракетна одбрана, откриле повеќе од 150 лансирања на странски и домашни балистички ракети и вселенски ракети.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Столтенберг: Украина постигна значителен напредок, но не треба да ја потценуваме Русија

 

 

Доцна во вторникот вечерта, жителите на Москва, Омск и Белгород известија дека забележале необичен зрак светлина на небото над тие градови, кој отишол од земјата директно на небото.

Наводно идентичен сјај е забележан и во Мурманск, кој е седиште на Северната флота и околу кој се наоѓаат најголемите подморнички бази со нуклеарни подморници, особено стратешките подморници кои можат да лансираат балистички ракети, кои беа во фокусот на американските сателити за извидување и авиони за изминатата недела.

Loading...

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров: Западот го осакати Советот на Европа

Некои би рекле дека е НЛО, можеби силни халогени рефлектори или нешто слично.

Следеа шпекулации, фотографии, но и видеа кои брзо ги преплавија прво руските, а потоа и другите социјални мрежи.