Русија обвини поранешен вработен во американскиот конзулат за шпионирање

Сподели со своите пријатели

Руската безбедносна служба ФСБ обвини поранешен вработен во американскиот конзулат на Далечниот исток на Русија дека собирал информации за војната во Украина и други прашања за Вашингтон, јави руската државна новинска агенција ТАСС, пренесува Ројтерс.

Loading...

Осомничениот Роберт Шонов им пренел информации на вработените во американската амбасада во Москва за тоа како руската кампања за регрутирање влијаела на политичкото незадоволство пред претседателските избори во Русија во 2024 година, се вели во соопштението на ФСБ, цитирано од ТАСС.

ФСБ соопшти дека планира да ги испраша вработените во американската амбасада кои биле во контакт со Шонов, руски државјанин кој беше уапсен во мај.

Американската амбасада во мај соопшти дека „обвиненијата против Понов се целосно неоснованои“, а неговата „единствена улога во моментот на неговото апсење беше да составува резимеа за печатот од јавно достапни руски медиумски извори“.