Русија објави снимка од нуклеарна ракета која може да стигне до Лондон за пет минути

Сподели со своите пријатели

Се појавија нови снимки од хиперсонична крстосувачка ракета на руската армија. Ракетата „Циркон“ беше лансирана од фрегатата „Адмирал Горшков“ кон цел во водите на Белото Море.

Loading...

Според Мирор, ракетите Циркон годинава станале дел од руските вооружени сили, откако Владимир Путин изјавил дека успешно ги поминале тестовите.

Руската ТВ Звезда, канал во сопственост на руското Министерство за одбрана, за ракетите пишува дека се „толку брзи“ што непријателските противвоздушни системи не можат навреме да ги детектираат, односно дека ударот ќе се знае дури кога проектилот удари.

 

 

– Никој нема да го види лансирањето или неговиот лет. Ќе види само што била целта – изјави капетанот на фрегатата Игор Крохмал.

Во декември, Путин рече дека цирконите се лансираат од морето кон цели или на море или на копно.

Loading...

„Нашите тестови беа успешни, без никакви недостатоци“, рече тогаш тој, додавајќи дека тоа е голем чекор за Русија и нејзината безбедност.

Според Мирор, иако снимката е објавена дури неодамна, можно е да потекнува од декември.

Циркон, според ТВ Звезда, може да му послужи на Путин да ги уништи американските градови доколку дојде до нуклеарен конфликт.

Имено, дометот на Циркон е околу 650 милји, или нешто повеќе од 1000 километри, но капетанот Крохмал тврди дека ракетата може да патува долго време – до 930 милји, или речиси до 1500 километри.

Циркон за прв пат беше официјално пуштен во употреба во октомври 2020 година, што претседателот Владимир Путин го нарече „голем настан“.

 

 

Loading...

После тоа имаше и други тестови, од фрегатата Адмирал Горшков и потопената подморница. Последното вакво пробно лансирање се случи на 18 ноември.

Руската армија ги тестираше овие ракети за прв пат во октомври 2020 година, што претседателот Путин го нарече „голем настан“, а другите тестови продолжија до крајот на 2021 година, потсетува 24sata.hr.