Русија: Неколку куќи оштетени во напад на украински дронови на Курск

Сподели со своите пријатели

Во нападот на украинските дронови врз Централниот округ Курск, оштетени се неколку приватни домаќинства и покривите на административната зграда, но нема повредени, изјави денеска гувернерот Роман Старовојт.

Loading...

Тој на Телеграм напиша дека е скршено стаклото на станбената зграда и дека е на сила ПВО.

Старовојт додаде дека уште еден дрон паднал во областа Курск и дека како резултат на тоа било скршено стакло од приватна куќа, пренесува РИА Новости.

Гувернерот на областа Брјанск, Александар Богомаз, соопшти дека ноќеска над областа Сурај биле соборени два украински дрона и дека нема жртви или материјална штета.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека системи за противвоздушна одбрана уништиле два украински дрона над регионот Курск и уште два над регионот Брјанск.

Претходно Министерството соопшти дека руските системи за противвоздушна одбрана уништиле четири украински беспилотни летала над Црното Море и Крим, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.