Според последните информации, Министерството за одбрана на Русија ги демантираше информациите дека во различни делови на линијата за одвојување со украинската армија „била пробиена одбраната“.
Во правец на Купјанск нема активни дејствија, во текот на вчерашниот ден беа спречени акциите на три диверзантски разузнавачки групи на непријателот.
Во правец кај Красно Лиман, воената група „Центар“ одби два напада на непријателските тактички групи.
Во правец на Доњецк беа спречени три обиди на непријателот да изврши извидување во текот на борбите, а успешно беа одбиени и осум напади на позициите на руската армија.
Напаѓачките одреди продолжуваат да го ослободуваат западниот дел на Артјомовск со поддршка на авијацијата и артилерија.
Единиците на воената група „Југ“ спроведуваат активни операции со цел да ја блокираат Авдејевка и да ја заземат Маринка.
Во тек се борби за одбивање на нападот на единиците во правец на Малоилновка, пренесува Спутник. Непријателот трпи значителни загуби во жива сила и воена опрема.
Нема борби во правец на Запорожје и Херсон. Состојбата во областа каде што се спроведува специјалната операција е под контрола.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.