Русија: НАТО планира да ја окупира Украина и да ја подели меѓу Британија, Германија, Полска и Романија

Сподели со своите пријатели

Планот на НАТО за Украина во суштина значи распоредување во земјата на т.н на „мировниот контингент“ од околу 100.000 луѓе и, всушност, неговата окупација, а украинските територии ќе ги поделат Велика Британија, Германија, Полска и Романија, објави Службата за надворешно разузнавање на Русија.

Loading...

„Откако Западот сфати дека е невозможно да се победи Русија на бојното поле, НАТО се повеќе се приклонува кон замрзнување на украинскиот конфликт, со цел да ја врати борбената способност на украинските сили да се обидат да возвратат на Русија. За таа цел, во Украина е планирано распоредување на „мировен контингент“ од околу 100.000 луѓе, а тоа всушност ќе значи окупација на Украина и поделба на нејзините територии“, се наведува во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шефот на руската армија го повикал шефот на американската. „Ќе пукаме хиперсоничен Циркон“

Истовремено, според информациите на Службата за надворешно разузнавање, се планира териториите да бидат поделени меѓу окупаторите на следниов начин: Црноморскиот појас треба да ѝ припадне на Романија, западните области на Украина на Полска, центарот и истокот на земјата до Германија, а северните области, вклучувајќи го и регионот Киев, до Велика Британија.

Исто така, руската служба нагласува дека НАТО веќе распоредува центри за обука во Украина каде се планира да се обучуваат најмалку еден милион мобилизирани Украинци.

Затоа, според службата, очигледен е одговорот на прашањето дали на Русија и е потребна ваква варијанта на мировното решение во Украина, што го има предвид НАТО.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров во прва посета на ЕУ од почетокот на инвазијата: Пристигна со авион кој е забранет!

Надворешната разузнавачка служба соопшти и дека НАТО активно соработува со западните воено-индустриски компании, меѓу кои и германската компанија „Рајнметал“, од која не се потребни само инвестиции, туку и испраќање експерти и опрема во Украина.