Русија: Нападот на породилиштето во Мариупол е информативен тероризам

Сподели со своите пријатели

На прес-конференција одржана во Кремљ, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков изјави дека вчерашниот напад на детската болница во Мариупол, за кој Украина ја обвини руската армија, е „информативен тероризам“.

 

Три жртви во породилиштето во Мариупол, меѓу кои и едно дете

 

Кремљ претходно соопшти дека вмешаноста на Русија во нападот на болницата е лажна вест.

Но, Кремљ исто така соопшти дека „ќе ги провери информациите за нападот со свои сили“.

 

Британски министер: Бомбардирањето на породилиштето во Мариупол е воено злосторство